Меѓународната помош за Сирија драстично се намали во изминатите месеци, додека во исто време хуманитарната криза во земјата се продлабочува, предупреди турската хуманитарна агенција ИХХ.
Камиони на организацијата секојднево превезуваат помош за Сирија, собрана во Турција и во странство.
– Бројот на камионите со помош, која патува до Сирија, опадна на едвај пет до десет на ден од претходните 50-60, изјави шефот на ИХХ, Булент Јилдирим. Тој исто така се пожали и од пад на интересот на донаторите.
Паралелно со намлувањето на помошта расте бројот на бегалци, па така сега дневно по околу 6.000 лица кои бегаат од конфликтот во Сирија.
Според податоците на ОН, во конфликтот во Сирија дсоега загинале околу 93.000 лица, вклучувајќи и над 6.500 деца.