Драматично расте бројката на загинати украински војници

Од:

Бројот на загинати во Украина драстично се зголемува, велат новите проценки на неименувани американски официјални лица. Новинарот на Би-Би-Си Квентин Сомервил беше на линијата на фронтот на исток, каде што мрачната задача за броење на мртвите стана секојдневна реалност.

Украина не објавува официјални податоци за своите загинати – вооружените сили на Украина повторија дека бројките за воените жртви се државна тајна.

Бројките остануваат тајна. Но, американските власти, цитирани во Њујорк тајмс, неодамна ја објавија бројката на 70.000 мртви и дури 120.000 повредени. Тоа е неверојатна бројка, имајќи предвид дека вооружените сили се проценуваат на само половина милион. ОН досега забележаа 9.177 цивилни жртви.

Уште во април, проценките на Пентагон укажаа на значително помал број на загинати во Украина, 17.500. Скокот на повеќе од 70.000 може делумно да се објасни со контраофанзивата на југ. Во раните денови, беше особено тешко за украинската пешадија – „полошо отколку во Бахмут“, изјави командант на бригадата што се бори таму за новинарот на Би-Би-Си. Тој град во Доњецк, да потсетиме, падна во руски раце во мај во една од најкрвавите битки во војната досега.

Украина сега ја смени тактиката, но почетокот на обидот за пробивање на руската одбрана во јуни беше скап, особено за младите, новообучени војници. Тие умираа „по десетици“ секој ден, рече висок водник кој во јуни се бореше околу селото Велика Новосилка во Доњецк.

Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Маљар, издаде соопштение, предупредувајќи дека оние кои ќе ги објават бројките за жртвите ќе се соочат со кривично гонење.

„Зошто нашите информации се тајна? реторички праша таа. „Бидејќи за време на активната фаза на војната, непријателот го користи бројот на загинати и ранети за да ги пресмета нашите веројатни следни акции… Доколку непријателот ги има тие информации, тие ќе почнат да разбираат некои од нашите следни чекори“.

Севкупно, руските загуби се значително поголеми, околу 120.000 мртви, според најновите американски проценки. Но, и руската армија и населението се значително поголеми. Украинските војници на фронтот велат дека Русија изгледа способна да ја апсорбира болката без граници.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски