Драматична вулканска ерупација во Јапонија, без жртви

Од:

Вулканот Сакурајима, на југот од Јапонија, синоќа повторно се активира, а локалната телевизија прикажа снимки како од кратерот се исфрла лава, пропратена од искри и светкања слични на гром, по што низ небото се проширил густ чад.

Според јапонската метеролошка станица, до ерупцијата дошло синоќа околу 19 часот. Властите го затвориле подрачјето околу вулканот во радиус од два километра, пренесе локалната телевизија.

– Иако драматична, ова е една од просечните ерупции на овој вулкан, изјави вулканологот Казуиро Ишихара од Универзитетот во Кјото.

Последната голема ерупција на овој вулкан беше во септември.

Јапонскиот архипелаг се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“ и има повеќе од 100 вулкани. При ерупцијата вулканот Моунт Онтаке, во 2014 година, погинаа 57 лица.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила