Драма над Балтичкото Море: Руски „Сухој“ пресретна и го „испрати“ германскиот патролен авион, па се врати во базата

Од:

Руски борбен авион Су-27 придружуваше германски патролен авион над Балтичкото Море за да се увери дека нема да влезе во рускиот воздушен простор, соопшти Министерството за одбрана.

„На 12 април руската контрола на воздушниот простор откри воздушна цел над Балтичкото Море која се приближуваше до воздушниот простор на Руската Федерација. Ловецот Су-27 од силите за воздушна одбрана на Западниот воен округ имаше задача да ја идентификува воздушната цел и спречување на прекршување на државната граница на Русија. Екипажот на рускиот борбен авион ја идентификуваше воздушната цел како патролен авион „Р-3Ц“ „Орион“ на германската морнарица“, соопшти Министерството.

Според соопштението, рускиот авион го придружувал германскиот авион над Балтичкото Море, а потоа безбедно се вратил на аеродромот во својата база.

„Летот на рускиот ловец е извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води без преминување на воздушните патишта и опасно приближување кон авион на странска земја“, се вели во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“