Драма на аеродром во Лондон: Запрен авион поради киднапирано дете

Од:

На лондонскиот аеродром Хитроу непосредно пред полетувањето полицијата запрела авион поради сомнеж за киднапирано дете. Полицајците од авионот кој бил на пат за Романија презеле четиригодишно девојче откако мајката пријавила дека детето и е одземено.

Мажот кој бил во авионот со детето бил изнесен и уапсен.

Полицијата користела камери за препознавање на регистарски таблички за да го утврди дижењето на автомобилот на осомничениот од Нотингам кој се движел низ Лондон. Преку податоци на граничната контрола полицијата открила дека осомничениот имал купени билети за лет за Букурешт.

„Авионот беше подготвен за полетување, но успеавме да стигнеме на време. Авионот се рати на терминалот, а човекот беше уапсен“ – објаснуваат од полицијата.

Осомничениот бил испрашан и пуштен со кауција, девојчето е вратено кај мајката.

Би можело да ве интересира

Маж од Охрид со вперен пиштол му се заканувал на роднина да го вработи и да му препише автомобил

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Хитроу затворен поради прекин на струја, гори трафостаница

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд