Драјцер: Американскиот пораз во Сирија ќе биде крај на хегемонијата на Блискиот Исток

Од:

Се чини дека и на најагресивните елементи во САД до сега им е јасно дека планот за соборување на претседателот Асад не ќе оди нити брзо нити бавно како што на некои во првите денови им се чинеше. Покрај тоа, како што одминува времето многумина дури веруваат во крајната победа на Асад и сириската војска.

На пример, британскиот пратеник Џорџ Галовеј, кој никогаш не го криел својот анти-империјалистички став, истакна како верува дека Башар ал-Асад на крајот сепак ќе победи и ја спореди ситуацијата во Сирија со војната во Египет во 1956. година, кога победник излезе Гамал Абдел Насер.

САД сега со сите сили се труди да ја спаси т.н. “Операција Сирија” и се чини дека вложува се во успехот на истата. Бунтовниците инфилтрирани од странските земји, од кои многумина се радикални исламисти тесно поврзани со Ал-Каеда, се чини не го вршат својот дел од работата на задоволителен начин. Дури и државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека САД веќе не го доживува “сирискиот Националниот совет” (СНЦ) како водечка опозициска сила, бидејќи немаат поддршка на теренот.

Формирањето на нов “Совет на национална иницијатива”, кој ќе се состои од педесет и еден претставник на сириската опозиција ќе биде представен во Катар следната недела, а во него ќе бидат само петнаесет членови СНЦ. Додека самиот СНЦ во обид да придобие меѓународна поддршка ќе го пренесе своето седиште во Сирија, иако за тоа “префрлање” се зборува со месеци.

Ерик Драјцер геополитички аналитичар на онлајн страната “stopimperialism.com” во интервју за RT вели дека напорите што ги прави СНЦ за спасување на кредибилитетот и по евентуалното соборување на Асад да завземат лидерска позиција во политичката структура на Сирија, е премалку и доаѓа премногу доцна.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев