Драгош Дину е новиот романски министер за еврофондовите

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за назначување на Драгош Кристијан Дину за нов министер за еврофондовите, откако неговиот претходник Кристијан Гина вчера поднесе оставка.

Дину, кој беше државен секретар во Министерството за европските фондови, денеска попладне ќе положи заклетва во претседателската резиденција Котрочени, со што официјално ќе ја преземе новата функција.

Досегашниот министер Кристијан Гина вчера поднесе оставка, за да се кандидира на претстојните парламентарни избори во декември на листата на неодамна формираната партија Сојуз „Спасете ја Романија“.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија