Драги доби поддршка од две партии, следната недела е можна новата италијанска Влада

Од:

Кандидатот за италијански премиер, Марио Драги, денеска ја доби општата поддршка од две клучни партии за уште следната недела да може да ја формира новата влада, која ќе треба да реши како да се потрошат 200 милијарди евра помош од Европската унија за да се почне со обнова на ослабената економија.

Американските медиуми јавуваат дека движењето „Пет ѕвезди“ и десничарската „Лига“ денеска најавија поддршка за владата на Драги, соопштувајќи дека се подготвени да го остават настрана ривалството за доброто на целата нација.

Драги (73), поранешен претседател на Европската централна банка, неделава го заврши првиот круг разговори со политичките партии, а вториот круг се очекува на почетокот на следната недела, кога ќе разговара со кандидатите за министри и неговата визија за новата влада.

Се очекува манадатрот да се состане со голем број синдикати, претприемачи и други претставници на државната служба.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски