ДПС, Препород и ИТН ќе го поддржат предлогот на ГЕРБ за гласање недоверба на владата на Петков

Од:

Движењето за правата и слободите и партијата Препород ќе го поддржат гласањето за недоверба на бугарската Влада, поднесено од партијата на Бојко Борисов – ГЕРБ.

Претставници на двете партии денеска одржаа консултации за оваа тема. Лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај оцени дека мотивите на ГЕРБ се основани и го повтори ставот на Движењето дека најважна антикризна мерка е оваа бугарска Влада да си замине, јави дописникот на МИА од Софија.

И „Препород“ ќе го поддржи гласањето поради „несоодветната антибугарска политика“, изјави по средбата пратеникот од најмалата партија во Народното собрание Петар Петров. Според него, предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро.

Лидерката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, објасни дека разговарала со „Има таков народ“. Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов по консултациите со ГЕРБ изјави дека ИТН немаат никаква основа да ја поддржат владата на премиерот Кирил Петков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година