Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Од:

Маж од Британија е осуден на најмалку 20 години затвор затоа што ја убил својата бремена сопруга туркајќи ја од карпа висока 50 метри во Единбург, каде вообичаено се фотографираат туристи. 29-годишниот Кашиф Анвар е обвинет за убиство на 31-годишната Фавзија Џавед, која падна од карпа на Arthur’s Seat додека биле на одмор во септември 2021 година.

Додека лежела умирајќи, Џавед, која по потекло е од Јоркшир, му кажала на полицаецот дека нејзиниот сопруг ја турнал. Анвар тврдел дека се лизнал и ја удрил сопругата. Поротата на Високиот суд во Единбург ја отфрли таа одбрана и го прогласи за виновен за убиство на Џавед, која била бремена во 17 недела, а исто така беше обвинет и за предизвикување смрт на нејзиното неродено дете.

Анвар, кој е од Пудси во близина на Лидс, беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 20 години. Судијата Лорд Бекет му рекол дека неговата сопруга имала право на негова заштита и дека тој е виновен за „злобно злосторство“.

„Ти не покажа никакво каење и не се обиде да ја спасиш“, му рекол судијата, пренесе Би-би-си.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година