Дождот им помага на пожарникарите кои го гаснат пожарот во Чернобил

Од:

Дождот, кој врне во областа на Чернобил, им помогна на пожарникарите, кои веќе 11 дена се борат со голем пожар во непосредна близина на напуштената нуклеарна централа.

Одделни огништа, каде се зафатени треви и шуми во четири шумски области во регионот сè уште тлеат, соопшти денеска украинската државна служба за вонредни состојби, пренесе ТАСС.

И покрај дождливото време, хеликоптерите од противпожарната служба утрово исфрлија уште 538 тони вода. Во борбата со стихијата учествуваат 415 лица со 98 единици техника. Временската прогноза укажува дека во близина на нуклеарната централа ќе продолжи да врне дожд до пладне.

Новата еколошка катастрофа ја погоди зоната на Чернобил на 4 април. Оттогаш, опожарени се 12 поранешни села, чии жители беа евакуирани по хаваријата во 1986 година. Безбедносните сили го приведоа осомничениот 27-годишен жител, кој ја запалил тревата во близина на напуштената фарма и потоа пламенот се прошири и зафатина голема површина, Тој е обвинет за „уништување или оштетување на растителниот свет“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков