Дописничката на Анадолија ослободена од притвор во Каиро

Од:

Дописничката на турската новинска агенција Анадолија, Хиба Зекерија била ослободена денеска по осум часа престој во затворот Тора во јужниот дел на Каиро, јави БТА. 


Таа тврди дека заедно со уште 26 жени била одведена во друг дел на Каиро пред да се раздени.
Новинарката од Анадолија додаде дека шест жени остануваат во притвор, меѓу кои три државјанки на Ирска.


Зекерија рече дека жените не биле сослушувани, туку само им биле побарани личните податоци, додека некои од приведените мажи биле изведени на распит. Зекерија не посочи за случаи на насилство.


Засега нема информација поврзана со дописникот на Турската телевизија ТРТ Метин Туран, кој исто така беше приведен во затворот Тора.


Во Турција, во многу градови вчера имаше митинзи за поддршка на соборениот претседател Мохамед Морси. Стотици луѓе се собраа во Истанбул, Коња и други градови и ги осудија насилните дејствија на времените власти во Египет.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски