Доналд Туск: Се согласивме дека е потребно да се најде начин за користење на руските средства

Од:

Сите европски лидери се согласија дека треба да се најде начин за користење на замрзнатите средства на Русија и дека е постигнат напредок во тој поглед, изјави денес во Брисел полскиот премиер Доналд Туск.

„Разгледуваме како можеме да добиеме репарациски кредити врз основа на руски средства. Ќе најдеме начин Белгија да се чувствува безбедно во сето ова“, рече Туск на самитот на европските лидери во Брисел, пренесува Ројтерс.

Тој најави дека утре ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава.

„Полската независност ќе биде загрозена ако Украина биде принудена во ситуација на предавање“, рече Туск.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува