Доналд Трамп пристигна во Давос

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска допатува во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум. Светската бизнис и политичка елита се прашува дали се уште непредвидливиот американски претседател ќе им се додворува или ќе се обиде да наметне своја агенда – Америка на прво место, јави АФП.

Трамп таа способност да изненади ја илустрираше со изјавата дека е „подготвен да сведочи под заклетва“ во истрагата за можна соработка на неговиот тим во кампањата за изборите и Русија. Тоа го изјави само неколку часа пред летот за Швајцарија.

Поради тоа има и за што да разговара со речиси 3.000 шефови на фирми или високи политички челници, кои се на тридневниот форум во монденскиот скијачки центар.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД