Доналд Трамп го обвини Барак Обама дека манифестира слабост во однос на Украина

Од:

Милијардерот Доналд Трамп, кој е кандидат за партиската номинација на републиканците за претседателските избори во САД во 2016 година, го обвини Барак Обама дека неговата поддршка за Украина е млака и дека не е почитуван од рускиот колега Владимир Путин.

– Нашиот претседател не е силен и не прави се што треба за Украина, изјави Трамп во видеопораката емитувана на меѓународна конференција во Киев.

– Тоа е поддршка со половина уста и ништо повеќе, додаде тој пред стотици странски инвеститори и дипломати.

Трамп освен тоа изрази жалење што САД не делуваат доволно цврсто кон Владимир Путин.

– Дел од проблемот меѓу Украина и САД доаѓа од тоа што Владимир Путин воопшто не го почитува нашиот претседател, изјави Трамп.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак