Доналд Трамп ги обвини Русите дека ги украле американски планови за хиперсонична ракета

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Русија за кражба на американските планови за хиперсонична ракета за време на администрацијата на претседателот Барак Обама.

Во своето неодамнешно обраќање, Доналд Трамп го коментираше балансот на силите меѓу САД и Русија, нагласувајќи дека Русија го „украла од САД“ нејзиното знаење за развој на хиперсонични ракети.

„Русија ни го украде дизајнот, тие го добија од нас“, рече Трамп, посочувајќи дека Русија ги украла американските податоци за хиперсоничното оружје за време на администрацијата на Барак Обама.

Американскиот претседател не даде повеќе детали за своето тврдење, но додаде дека „некоја лоша личност им помогнала на Русите“. На прашањето за американското хиперсонично оружје, Трамп уверува дека САД сè уште развиваат „супер-хиперсонични ракети“.

Ова не е прв пат Доналд Трамп да ја обвини Русија за кражба на технологија и технолошки решенија, а Русија претходно негираше дека дошла до нови технологии и оружје преку кражба.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

А1он