Доналд доби зелено светло: Започнуваат масовни отпуштања

Од:

Врховниот суд на САД ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да отпушта работници во владини агенции, објавува Axios.

Одлуката на мнозинството, со која се поништува претходната наредба на федералниот судија за замрзнување на отпуштањата, ѝ дава на администрацијата овластување да продолжи со својата цел за реструктуирање и намалување на владините агенции. Тоа би можело да доведе до губење на работните места од десетици илјади луѓе во владини агенции како што се Стејт департментот и Министерството за финансии.

Судиите во непотпишано мислење наведоа дека не одлучуваат за легалноста на специфичните планови за отпуштања во федералната администрација, но дека „владата веројатно има шанса да успее во своето тврдење дека Извршната наредба и Меморандумот се легални“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Можеме да постигнеме договор со Иран утре, или можеме сè да дигнеме во воздух и да ја земеме нафтата

Трамп: Отворете го проклетиот Ормутски теснец

Трамп објави детали за спасувањето на пилотите: „Тоа е доказ за нашата воздушна супериорност“

„Њујорк тајмс“: Судирот меѓу Макрон и Трамп го открива новиот курс на Европа

Малони: Не сум за раздор со САД, но не се согласувам со изјавите на Трамп за НАТО

Трамп: Им остануваат уште 48 часа, потоа следи пекол