Донациите за Нотр Дам веќе надминаа 600 милиони евра

Од:

Донациите од претпријатијата и од француските милионери за реконструкција на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, јавува дописникот на МИА.

Различните донации на големите богати француски семејства и индустриски групи за финансирање на реконструкцијата на катедралата Нотр Дам, уништена синоќа во голем пожар, попладнево надминаа 600 милиони евра.

Семејството на наследниците на Л’Ореал , Бетнакур-Мејер и глобалниот козметички гигант денеска најавија донација од 200 милиони евра, покрај 200 милиони од семејството Арно и групата ЛВМХ, како и 100 милиони ветени од Тотал Вкупно и од семејството Пино (Керинг).

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски