Доминик Строс-Кан ја повика Европа да ја суспендира исплатата на долгот од Атина

Од:

Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, кој беше на оваа функција на самиот почеток од грчката криза , ја повика Европа да прифати привремена суспензија на исплатата на долгот од страна на Атина, јавува дописникот на МИА од Париз.

Поранешниот француски министер за финансии го изнесува овој предлог во една декларација на три страници на англиски и француски јазик, со наслов „Учиме од грешките”, испратен преку неговиот профил на Твитер, а во момент кога Грција во вторник може да се соочи со проблемот да не може да ги подмири обврските кон доверителите по неуспехот на преговорите во саботата со своите партнери од еврозоната.

Тој сугерира „Грција да не добива нови средства од Европската унија, како и од ММФ, но да се озвоможи продолжување на рокот на исплата, па дури и масовно намалување на номинален долг кон јавните институции. ”

“Ова ќе ја ослободи Грција од сите обврски кон официјалниот сектор (владините институции) за следните две години”, вели Строс-Кан кој учествуваше во првите дискусии за ризиците од колосалниот грчкиот долг (180% од БДП денес) започнувајќи од 2010 година.

“Ова ќе ја турне земјата во тешко ограничување на буџетот, бидејќи таа не ќе може да позајмува на пазарот, веќе нема да добива финансиски средства од ЕУ или ММФ и ќе треба самата да го избалансира својот буџет” вели понатаму Строс-Кан .

Зборувајќи за „тешките буџетски ограничувања” за Грците, тој ја наведува даночната реформа, битката „против олигархијата, приватните интереси и тежината на државниот апара “. Тие самите ќе го направат изборот”, без ограничување од надвор, инсистира тој.

Ако ова профункционира, Грција би можела да има право на постепено бришење на долгот”, смета поранешниот директор на ММФ, според кој „само десет милијарди предвидени за рекапитализација на банкарскиот систем треба да и се исплатат на Грција за да и се овозможи на Европската централна банка да ја продолжи програмата за итна помош.“

„Не е сигурно дека оваа идеја може да функционира”, признава Строс-Кан, кој ги повикува грчките власти на храброст и независност.

Во својот текст, тој го критикува неколку пати „глупавиот” карактер или „катастрофално тешките фискални приспособувања”, кои беа како правило во еврозоната како последица од кризата.

За него “важно е владите да не ја повторат истата грешка“. „Да се присили грчката влада да попушти ќе создаде трагичен преседан за европската демократија и би можело да повлече неконтролирани верижни реакции”, вели тој.

Би можело да ве интересира

Девет години од аферата ДСК: Нафисату Диало првпат зборува за скандалот што го уништи Доминик Строс-Кан

Ана Ололовска

Строс Кан ослободен од обвинувањата за подведување

Емир Латифовиќ

Доминик Строс-Кан бара заплена на книгата „Убавицата и Ѕверот“ на неговата поранешна љубовница

Ана Ололовска

Строс-Кан и исплатил на собарка 1,5 милион долари

Ана Ололовска

Доминик Строс-Кан се спогоди со собарката

Ана Ололовска

Строс-Кан се договори со собарката

Ана Ололовска