Долниот дом на британскиот Парламент го усвои законот за еднополови бракови

Од:

Долниот дом на британскиот Парламентот синоќа во последна фаза го усвои законот за легализирање на истополовите бракови.

Откако ќе биде одобрен од кралицата, Законот ќе стапи во сила и тоа веројатно ќе се случи до крајот на неделата. Се очекува првите хомосексуални бракови да бидат склучени до средината на следната година.

Законот беше поддржан од претставници на сите три партии – конервативците, лабуристите и либералите.

Со вчерашното гласање се стави крај на долгата парламентарна дебата во рамките на која дел од пратениците од владејачката

Конзервативна партија пружаа отпор против законот, доставен од коалициската Влада на ториевците и либералните демократи.

Премиерот Дејвид Камерон лично го поддржа Законот во обид да покаже дека неговата партија е прогресивна, но тоа вознемири некои конзервативци, кои изјавија дека нивната христијанска вера им наложува да прифатат брак само меѓу маж и жена.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година