Долниот дом на американскиот парламент одобри закон за санкции против Венецуела

Од:

Претставничкиот дом на САД го одобри законот за наметнување санкции на венецуелски граѓани, одговорни за кршење на човековите права за време на антивладините протести во земјата.

Законот беше усвоен наспроти загриженоста на администрацијата на претседателот Барак Обама, дека тоа ќе ги зајакне немирите во Венецуела и ќе ги попречи преговорите меѓу владата на претседателот Николас Мадуро и опозицијата.

Мерката предвидува забрана за издавање на визи и замрзнување на сметки.

Од почетокот на антивладините протести во Венецуела убиени се најмалку 42 лица и над 800 се повредени. Околу 3.000 се уапсени, а околу 200 од нив се уште се зад решетки. Тоа се најмасовните протести во земјата во изминатите три години.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев