Долче и Габана обвинети за криење 400 милиони евра данок

Од:

Кралевите на стилот Доменико Долче и Стефано Габана в понеделник ќе одговараат пред судот во Милано, престолнината на италијанската мода, по повод обвинението за затајување 400 милиони евра данок.

Познатата креаторска двојка, кои меѓу клиентите и пријателите ги вбројуваат и ѕвездите како Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Моника Белучи и Наоми Кембел, наводно се обиделе да избегнат плаќање данок  така што своите брендови „D&G“ и „Dolce&Gabana“ ги продаделе на холдинг компанијата „Гадо“, основана во 2004 година во Луксембург, каде даноците се помали.

Истражувачите тврдат дека претпријатието е продадено по цена од 360 милиони евра, што е околу третина од нивната пазарна вредност.

Креаторите одлучно ги отфрлаат обвриненијата, истакнувајќи дека тие се апсурдни и засновани на „целосно апстрактни калкулации“ на пазарните вредности на нивните компании. Доколку се докаже дека обвиненијата се оправдани, на двајцата деловни партнери им се заканува казна затвор до пет години. Како што соопшти Обвинителството, во случајот се вмешани уште пет лица, вклучувајќи го и даночниот советник.

Познатите креатори на Твитер примале пораки на поддршка од своите обожаватели, но некои Италијани тврдат дека не требало да ја преселат фирмата во странство.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он