Дојче веле: Берлин ги отфрла обвинувањата на Иванов

Од:

Министерството за внатрешни работи на Германија ги отфрла обвинувањата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека немало желба за размена на податоци за осомничени џихадисти. Од германската владата се потенцира дека Македонија добива помош за бегалците, јавува Дојче веле на македонски јазик.
 
Според Дојче веле, портпаролот на германското МВР ги отфрли обвинувањата на Иванов дека Македонија сакала размена на податоци со Германија за осомничени џихадисти, но, како што вели „никој не ги сакаше нашите податоци“.
 
Во интервју за весникот „Билд“ Иванов жестоко ја критикува Германија и вели: „Тие ни рекоа: не можеме да соработуваме со вас, вие сте трета земја, не смееме да разменуваме податоци.“

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Берлин, кој е цитиран од светските агенции, ваквите обвинувања на Иванов се несфатливи, со оглед на тоа што Македонија разменува податоци преку европските полициски власти (Европол).

Од Берлин денеска доаѓа реакција и околу тврдењето на македонскиот претседател дека Македонија досега од Европа не добила пари за бегалската криза. „Веќе плаќаме за грешките на ЕУ, веќе потрошивме 25 милиони евра пари на нашите даночни обврзници, и прогласивме кризна состојба. А што добивме од Европа? Ништо! Ниту еден цент!“, изјави Иванов за „Билд“.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке