Дојавата за бомба во авионот на „Иџипт ер“ – лажна

Од:

Дојавата за бомба, поради која авион на египетската компанија „Иџипт ер“ денеска принудно слета во Узбекистан, се покажа како лажна.

Авионот на летот од Каиро до Пекинг принудно слета по добиената анонимно дојава дека во леталото има експлозив, јавија британските медиуми.

Сите 118 патници и 17 членови на екипажот беа евакуирани, по што беше извршена проверка на авионот, при што не е пронајдена никаква експлозивна направа.

– Не е пронајдена никаква бомба, наведе претставникот на „Иџипт ер“, додавајќи дека авионот наскоро би требало да го продолжи летот кон Кина. 

Минатиот месец авион на „Иџипт ер“ на летот Париз-Каиро се урна во Средоземното Море, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот. Причините за падот на авионот се уште не се познати. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува