Во Токио и Џакарта денеска истовремено е соопштено дека претседателот на Индонезија Јоко Видодо и јапонскиот премиер Шинзо Абе идната недела ќе го потпишат првиот договор за воена соработка меѓу двете држави.
Претседателот Видодо ќе претстојува во официјална посета на Јапонија, а ова е негово прво патување вон државите од АСЕАН од кога, во октомври лани, е промовиран за претседател на Индонезија.
Првите рекации на веста за договорот за воена соработка меѓу двете држави укажуваат дека тоа е чекорво обид за воспоставување стратешка рамнотежа во регионот, каде што Кина станува значаен политички и воен чинител.
Минатата година Јапонија потпиша договори за воена соработка со Филипините и Виетнам. Двете држави имаат најсериозен отворен спор со Кина околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море.