Додон по приведувањето: Станува збор за политички исцениран случај

Од:

Поранешниот претседател на Молдавија и лидер на проруската опозициска Социјалистичка партија, Игор Додон, денеска изјави дека бил приведен под сомнение за корупција, чин за кој западните медиуми сметаат дека ќе ја налути Москва.

Додон рече дека е невин, обвинувајќи ја прозападната претседателка Маја Санда дека на тој начин сака да го одвлече вниманието на јавноста од лошата економска ситуација во земјата.

Државната телевизија „Молдавија 1“ и руската новинска агенција РИА веќе ја објавија информацијата за притворањето на Додон, повикувајќи се на изјава на обвинителката Елена Казакова.

Молдавските истражни власти извршиле претрес во домот на Додон. Според информацијата од Обвинителството на која се повикуваат медиумите, претресот е спроведен поради во рамки на истрага што го поврзува Додон со корупитивни активности и предавство.

„Почитувани граѓани, сакам да ве уверам дека за секој детал што го интересира Обвинителството имам соодветно образложение што отстранува секое сомнение за корупција или кршење на законите. Ова е измислен, политички мотивиран случај“, рече Додон.

Притворањето на Додон се случува во време на затегнати односи на релација Москва – Кишињев.

Кремљ претходно соопшти дека е загрижен заради приведувањето на Додон, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги повика молдавските власти да ги почитуваат правата на приведениот.

Додон потврди дека бил „приведен и сослушан“, обвинувајќи ја Санда која пред две години стапи на претседателската функција дека е „целосно неспособна да се справи со економската и социјалната состојба во земјата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он