Доделена наградата Сахаров на лекар од ДР Конго

Од:

Европскиот парламент свечено ја додели годинашнава награда Сахаров 2014 за слобода на духот на д-р Денис Муквеге, гинеколог кој се бори за правата на жените во Демократската република Конго, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европскиот парламент со будност ги следи сите кршења на човековите права, без разлика во кој дел на светот се случува тоа. Во тој контекст е и доделувањето на Наградата Сахаров за слобода на духот. Годинешниов добитник е избран едногласно од претседателите на политичките групи на Европарламентот.

– Конференцијата на претседателите едногласно одлучи да му ја додели Наградата Сахаров на д-р Денис Муквеге од ДР Конго за неговата борба за заштита на жените, изјави Мартин Шулц.

Денис Муквеге е 59-годишен гинеколог, кој работи во болницата „Панзи“ која тој ја основа во 1998 година во Букаву, за време на граѓанската војна. Таму тој ги ги лечи жртвите на силувања и на тешки сексуални повреди. Војната е можеби завршена официјално во ДР Конго, но нападите врз цивилите и силувањата продолжуваат и понатаму на истокот од земјата.

Покрај докторот Муквеге годинава беа номинирани уште украинското проевропско движење ЕуроМајдан и активистката за човекови права од Азербејџан и директорка на центарот за Мир и демократија Лејла Јунус.

Добивањето на наградата Сахаров на Муквеге беше проследена со традиционални песни од ДР Конго, од гостите од трибината од каде ја следа свеченоста.

Во таа прилика во многу ангажираниот говор Муквеге потсети на ужасите на војната, кои само за еден месец на најужсен начин ги однесоа животите на околу 200 лица.

Според него, дури и „окото на еден хирург“ не може да се навикне на овие ужаси.

– Силувањата се планирани поради ниски економски мотиви, силувањата се воена стратегија, нагласи тој пред европратениците.

– Секоја силувана жена ја идентификувам со мојата сопруга, секоја силувана мајка ја идентификувам со мојата мајка, секое силувано дете го идентификувам со моите деца, нагласи тој.

Тој испрати повик до својот народ да се мобилизира и да изгради демократски институции во неговата земја.

– Нашата земја е болна, но ние можеме да ја излечиме, со овие зборови Муквеге го заврши говорот пред ЕП, испратен со долги аплаузи.

Наградата Сахаров е воведена во 1988 година за оддавање почит на личности и организации кои ги бранат човековите права и фундаменталните слободи. Минатата година оваа награда ја доби годинашнава Нобеловка Малала Јусафзаи, за нејзината борба за образование на девојчињата во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он