Додека покривале судски случај, сомалиски новинари тепани од полицијата

Од:

Новинари во Сомалија тврдат дека полицијата им се заканувала со пиштол и биле тепани кога се обиделе да покријат судски случај во Могадишу. Најмалку пет репортери биле нападнати во неделата според сомалискиот Националниот сојуз на новинари.

Според лидерот на сојузот нападат бил бил поврзан со неодамнешни медиумски известувања за жена која наводно била силувана од униформиран маж, кој предизвикале полициски притисок за да го тргнат нејзиниот случај.

Репортерите биле повикани во судот од судскиот претседател, Хаши Елми Нор, за да ги проследат сослушувањата, но биле избркани од судот по наредба на локалниот полициски командир, соопшти сојузор. Потоа, претставник на судското обезбедување ветил дека ќе преземе дисциплински мерки и ги замолил новинарите да се вратат. Но, кога се вратиле, наводно војник вперил пиштол кон новинарите, и се заканувал дека „ќе го убие секој кој ќе се обиде да влезе, непочитувајќи ја неговата наредба“.

Откако репортерите си заминале повторно, на полицијата од станицата Афар-Ирдуд во хамарвеинскиот дистрикт им било наредено „да ги бркаат и апсат новинарите“.

„Полицијат започна да тепа новинари и да цели со пиштол кон секој кој ќе се обиде да избега“, велат од сојузот.

Репортер и камерман биле тешко повредени и кратко задржани, тврдат од сојузот, чиј благајник се здобил со скршен прст кога се обидел да интервенира. Најпосле судскиот претседател наредил полицијата да ги пушти новинарите и да ја врати нивната опрема.

„Ова јасно ја покажува слабата работна врска помеѓу полицијата и медиумската заедница по неодамнешниот случај за силување. Без разлика, новинарите мора да се чувствуваат безбедно додека ја работат нивната професија“, вели Мохамед Ибрахим, генералниот генерал на сојузот.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија