Додека другите купуваат тоалетна хартија, Шпанците прават резерви од вино, пиво и чоколади

Од:

За разлика од другите земји, каде купувачите ја разграбуваат тоалетната хартија штом се стави на полиците, Шпанците купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколади, јави ДПА, појаснувајќи дека не е познато дали прават резерви или едноставно повеќе ги конзумираат во овој период.

Според податоците од пазарот од Шпанија, каде има режим на движење од 15 март, жителите на таа земја купиле 80 отсто повеќе пиво отколку седмицата претходно, се вели во извештајот на ИнфоРитеил. Продажбата на маслинки е зголемена за 94 проценти, додека на чипсот, чоколадата, сладоледот и инчуните за 76 до 87 отсто.

Шпанскиот весник Ел Паис оценува дека Шпанците, кои инаку се дружат по барови, ресторани или на отворен простор, сега направиле сопствени домашни барови. Психологот Олга Кастањер тие промени ги припишува на анксиозноста предизвикана од епидемијата на коронавирусот и на новите ограничувања на движење.

– Кога сте под стрес, не јадете стек. Во таква ситуација телото копнее по шеќери и маснотии, појаснува Катењар за Ел Паис. Воедно вели дека има договорено „средба“ со пријателите на Скајп за да испијат заедно пиво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија