ВИДЕО: Добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија

Од:

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.

Наградата, во вредност од околу 900.000 долари ќе му биде доделена во Осло на 10 декември.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

Помеѓу фаворитите за добитници на Нобеловата награда за мир беа и Грета Тунберг, познатата активистка за борба против климатските промени, премиерот на Нов Зеланд, Јасинда Арден, како и премиерот на Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нобеловата награда за мир за јапонската организација Нихон Хиданкио за кампањата против нуклеарнто оружје

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Добитници на Нобеловата награда за мир: На светот му треба независно известување

А1он

Тихановскаја, Тунберг и Репортери без граници фаворити за Нобеловата награда за мир

А1он

„Black Lives Matter“ со номинација за Нобелова награда за мир

Катерина Ѓуровски

Одложено врачувањето на Нобеловата награда за мир поради рестриктивните мерки во Осло

Жарко Настоски