Добил 115 милиони франци на лото во Швајцарија

Од:

Швајцарец освои вистинско богатство во извлекувањето во петокот навечер на лотаријата Euro Millions, во износ од 115,5 милиони швајцарски франци или 93,6 милиони евра.

Со ова, сé уште непознатиот добитник од кантонот Вале, ја освои досега најголемата премија на игри на среќа во Швајцарија. Претходниот швајцарски рекорд од 2005 година го држеше португалски играч на среќа од истиот кантон кој освои 99 милиони швајцарски франци.

Лотаријата Euro Millions е основана во 2004 година, има во секое извлекување речиси десет милиони играчи кои имаат шанси да ја освојат главната премија во однос 1 наспроти 116.531.000 за што треба да погодат пет бројки и уште две дополнителни.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ