Гардијан – Лондон
Американските сили влегоа во Северна Сирија за да го одржуваат мирот меѓу двајцата сојузници кои меѓусебно се борат повеќе од една седмица, со што дополнително се усложнува битката на Вашингтон со Исламска држава и ја истакнува хаотичната регионална борба за влијание во она што остана ос опустошените северни области.
Со тешко оружје опремени камиони, на кои демонстративно се веат големи американски знамиња, пристигнаа во неколку села на запад од градот Манбиџ, каде реката Еуфрат игра улога на линија на разделување меѓу курдските сили на исток поддржани од Вашингтон, и бунтовниците поддржани од арапските сили и предводени од Турција на запад.
И покрај тоа што Турција и САД се сојузници во војната против Исламска држава, ниту една страна не се изјаснила за своите позиции за составот на силите кои на крајот ќе ја освојат Рака – последната голема крепост на организацијата во Сирија. Во меѓувреме, армиите на четири држави – Турција, Русија, Сирија и сега САД – покажуваат претензии да ги определуваат условите.
Иако се се уште на почетокот, преговорите меѓу Турција и Русија се фокусираат врз тоа остатоците од сириската армија – евентуално заедно со групите поддржувани од арапите, да бидат главниот дел од копнените сили. Арапите кои се поддржани од Турција и курдите потпомогнати од САД влегуваат во спорадични судири во последнава недела, а длабоката недоверба меѓу нив влијае на борбата против ИДИЛ. Засега САД решително ги поддржуваат сириските курди кои Турција ги смета за непријатели, а Русија за непројатност.
САД го зголемија бројот на војската која ги испраќа во Сирија на 900 војници и маринци, а дел од нив ќе користат артилериско оружје против Рака.
Првпат во сириската војна, битката за влијание на терен сега се формира воглавно на полтичкиот фронт. Русија и Турција кои се сојузници во поголемиот дел од последнава година, ги поканија сириските сили да се вратат на истата напуштена територија во близина на турската граница, каде сега се наоѓаат американските трупи.
Сириските бунтовници го сметаат тој чекор за последен удар врз ослабените турски напори во поддршка на нивната кауза. Падот на Алепо, за кое време Анкара остана настрана, и нејзиното преориентирање од судири со подржуваните режимски сили кон целосно фокусирање против ИДИЛ, е знак за бунтовничките водачи дека битката за северните региони е загубена. Изместувањето на фокусот исто така создава политичко прегрупирање кое создаде нов регионален подерок, суштински под влијание на Турција и Иран, и гарантиран од Русија.
Опозициските групации велат дека е испратена нова труска порака: заедничкиот непријател на режимот и бунтовниците дека веќе би требало да биде колективна цел. Истоштените бунтовнички групи во Северна Сирија започнуваат да го сфаќаат тоа. „Нашата кауза веќе е загубена“, рече ветеранот Саид Шеих, кој пет години учествува во бунтот. „Без Турција и Катар се за никаде. А всушност тоа е така уште од пред паѓањето на Алепо“.
Од средината на 2012 година, средиште на опозициската битка за Северна Сирија беше штаб, наречен Центар за воени операции (ЦВО) и се наоѓаше во воена база во турскиот град Адана. Од таму доаѓаше оружјето, кое доаѓаше воглавно од Источна Европа, за сириските бунтовнички групации и проверувано од ЦИА и турското разузнавање. Бунтовничките водачи редовно ја преминуваа границата за да бараат од турците и американците поголемо и подобро оружје, и многу често се враќаа разочарани во Сирија.
– Американците беа оние кои веднаше велеа „не“, изјави поранешен опозициски водач кој се откажал од војување во јули минатата година и сега живее во Јужна Турција. „Тие дозволуваа само автоматски пушки и куршуми. И тоа беше се. Никогаш немаше така да ја добиеме војната. Но сепак и покрај тоа се надеваме дека ќе освоиме оружје од режимот. А потоа Турција го смени своето мислење“.
Иако ЦВО продолжи да дејствува за време на освојувањето на Алепо раководено од русите и иранците, бунтовнички борци за Гардијан изјавија дека сега тој испраќа многу помалку оружје во Сирија. А она кое пристигнува – оружје од советско доба од Србија и Бугарија, доаѓа со напомена да биде користено само против ИДИЛ.
Главна улога во промената на позицијата на Турција игра рушењето на рускиот ловец на крајот на 2015 година. Турски команданти имаа мандат да користат смртоносна сила против руските авиони, кои редовно прелетуваа во близина сириската граница или преку неа неколку недели пред тоа, откако Москва распореди сили за север како поддршка на ослабениот сириски лидер. И Техеран и Москва поверуваа дека за неколку седмици Асад ќе ја загуни контролата над земјата и војната.
Владимир Путин во следните шест месеци се налути и им забрани на руските туристи да патуваат во Турција, привремено ја сопре трговската размена и ги засили контактите со курдите во Северна Сирија. Анкара одамна ги смета курдите за продолжена рака на ПКК – која е поголема закана за нејзините граници дури и од ИДИЛ, а русчкиот потег изгледаше како доста провокативен.
Потоа настапи отварањето кое го смени како односот меѓу двете држави, така и текот на војната. Во април минатата година, кога бунтовничките групи беа подложени на скоро секојдневни бомбардирања на руските авиони, Путин рече дека ја поддржува територијалната целовитост на Сирија. Тоа беше музика за ушите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, затоа што тоа значеше дека Русија нема да ги поддржи амбициите на бунтовните курди. Ердоган ја виде таа отстапка како гаранција за турскиот суверенитет кој тој сметаше дека е подиректно под закана од курдите отколку од ИДИЛ; заради врските на сириските курди со распространетиот бунт во Југоисточна Турција.
Русија ги намали своите врски со курдите, а САД ја зголеми поддршката за истите групи. Според Ердоган, главниот сојузник на Турција упорно ги затвораше очите за нејзиниот најголем страв. Русија, од друга страна, беше попријателски настроена.
-Тоа веројатно беше моментот кој смени се, рече висок западен дипломат. „Оттука на крајот Турција го предаде Алепо за да ги држи на растојание курдите. Таа почна да дозволува само хуманитарно дејствување. Од тогаш американското учество во Сирија е мало и се повеќе се намалува“.
Во февруари, директорот на ЦИА Мајк Помпеио отпатува за Анкара за да разговара со неговите турски колеги и сириската војна и битката со ИДИЛ. Високи воени службени лица од двете страни исто се сретнаа.
-Резултатот е што се уште не е јасно кој ќе ја преземе Рака, кога ќе падне Мосул, рече висок претставник кој учествувал во разговорите. „Американците продолжуваат да ги поддржуваат курдите, иако турците се цврсто против. Русите сакаат руската армија и бунтовниците да го направат тоа – под нивно раководство. Турција не е против тоа. НО едно нешто е сигурно – веќе не е неопходно Асад да стравува од бунтовниците. Неговата судбина е во рацете на Русија и Иран“.