Рускиот милијардер Дмитриј Ицков (32) го претстави планот како луѓето да станат бесмртни и да се претворат во Терминатори.
До 2045 година Ицков планира луѓето да се претворат во киборг-полулуѓе.
Својот проект го нарече Инцијатива 2045, а целта му е во идните 30 години човековите способности, помнењето и мислите целосно да се трансформираат во компјутери. Тој процесот го подели во четири фази.
-Веруваме дека е можно и е потребно за да го спречиме стареењето, па дури и смртта.
Ицков испратил и писмо до главниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун барајќи од него да го поддржат неговиот проект.
Елена Георгиевска