Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за странски инвестиции и економска соработка, денес изјави дека Киев разбира дека ќе добие безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави само по повлекувањето на украинските сили од Донбас.
Како што објави ТАСС, Дмитриев рече дека такво разбирање неодамна изразил и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски претходно во интервју за Ројтерс изјави дека Вашингтон е подготвен да му даде безбедносни гаранции на Киев под услов украинските вооружени сили да се повлечат од Донбас.
