Длабок јаз во полското општество

Од:

Дојче веле – Берлин

Во Полска секојдневно се одржуваат демонстрации поради постапките на властите. Ретко кога полското општество било така поделено, а за тоа се одговорни и сегашната и претходната влада во Варшава.

Илјадници про-ЕУ ориентирани демонстранти се собраа во саботата пред зградата на Уставниот суд во Варшава. Тие мафтаа со државни знамиња и знамиња на ЕУ, играа и пееја поп музика.

– Мнозинство во Сејмот (полскиот Парламент), не значи и диктаторска моќ, порача Матеус Кијовски, организатор на демонстрациите за демократија на кои присуствуваа околу 50.000 луѓе. На нивните транспаренти беа пораки упатени до претседателот Анджеј Дуди: „Почитувај го Уставот!‟

Тоа се однесува пред се на спорното именување на пет уставни судии, иако претходната Влада веќе именуваше пет судии. Уставниот суд тоа го прогласи за неуставно, по што Дуда ја овласти новата Влада да го промени законот.

Гневот поради постапката на претседателот, кој често се наоѓаше во сивата законска зона, веќе со недели е повод за протести кои почнаа наивно на Фејсбук.

Матеус Кијовски основаше „Комисија за одбрана на демократијата‟ (КОД) која во меѓувреме беше регистрирана како здружение. Името и програмата потсетуваат на „Комисијата за одбрана на работниците‟, која во 1976 година ја основаше легендарниот полски опозиционер Јацек Курон. Неговата вдовица беше меѓу првите кои на интернет ја поддржаа иницијативата на Кијовски.

Зовриено расположение

Три недели по основањето на КОД, 50.000 приврзаници на здружението излегоа на улица. Нивните националистички противници се обидоа да ги надвикаат со музика, урлање и навреди, но не успеаја. Полицијата се погрижи двете групи да останат на безбедно растојание.

Следниот ден, состојбата се промени. Центарот на полската престолнина го „освоија‟ симпатизерите на Јарослав Качински. Шефот на владејачката партијата Право и правда (ПиС), на која припаѓа и претседателот Дуда, нема државна функција, но се смета дека праткично тој раководи со работата на Владата.

Качински е политички ментор на премиерката и на претседателот на Полска и затоа тие се лојални реализатори на неговите планови. – Ние сме вистинска Полска, а не криминалци како комунистите кои до неодамна владееја, нагласи Качински во обраќањето до масата. Околу 20.000 луѓе френетично го поздравија.

Шефот на ПиС, како намерно да ја подгрева атмосферата. Пред овој собир настапи на телевизија и критичарите ги нарече „предавници‟. – Тоа се најлош вид на Полјаци, рече тој. Следеа многу коментари на интернет. Уште истиот ден можеа да се видат слики со маици на кои имаше натпис: „Најлош вид на Полјаци‟.

Тешките зборови на Мартин Шулц

Во Полска расположението одамна не било вакво. Многу малку меѓусебно се разговара, а има многу расправии и изрази на нетрпеливост, па и на социјалните мрежи се чини дека граѓаните не се само со спротиставени ставови, туку и крвни непријатели.

И додека многу критичари сметаат дека ПиС е виновна за моменталната поделба во општеството, национално-конзервативните политичари ја обвинуваат претходната Влада. Политичарите на ПиС постојано зборуваат за „природен процес‟. За тоа дека донеодамна владејачката либерална партија Граѓанската платформа морала да се прости од власта и дека тоа боли. Дека жестоките критики во странските медиуми се само „доказ за тоа колку далеку допираат краците и мрежата на либералите‟ и дека сето тоа е „заговор против вистинските Полјаци‟.

Тука не помага многу ни критиката на Мартин Шулц. Претседателот на Европскиот парламент имено во понеделникот на 14 декември за радио Дојчландфунк рече дека „настаните во Полска имаат карактер на државен удар‟. Полската премиерка Беата Судло побара од Шулц извинување поради таа изјава.

Предупредувањето на Валенса

Во меѓувреме и познати лица предупредуваат на опасноста од ескалација на судирите. – Ова може да заврши со граѓанска војна, рече поранешниот претседаел Лех Валенса во изјава за полската телевизија. Тој се заложи за одржување на референдум, кој треба да доведе до тоа Сејмот самиот да се распушти, а претседателот да биде сменет.

И други поранешни полски премиери и претседатели ја критикуваа инструментализацијата на Уставниот суд. – Владите си одат, демократска Полска останува, напишаа тие во заедничка изјава. Угледни институции предупредуваат дека треба да се почитува демократијата. Но, ПиС цврсто се држи на својот курс.

На пример, се планира трансформација на јавното радио, телевизијата и новинската агенција ПАП во државни медиуми.

Не е одговорен само ПиС

Многумина во Полска сега се прашуваат како можеше да дојде до сето ова. Но, поглед наназад покажува дека вината за тоа не треба да се бара само во таборот на ПиС. И претходната влада одамна го наруши сопствениот углед со „либералната граѓанска платформа‟.

Таа се сврте кон неолибералната економска политика, не го придоби општествениот центар, а служеше пред се на сопствената клиентела: на бизнисмените и богаташите. Во тоа спаѓа и именувањето на уставните судии пред самите избори.

– Ќе ја платиме идната работа на Владата. Но, еднакво важно го сметаме и политичкото образование во земјата, вели Кијовски од Комисијата за одбрана на демократијата.

Тој смета дека Полјаците во последните 25 години заборавиле колку демократијата е чиствителна, дека таа не е нешто што се одвива само по себе. А тие кои се на власт заборавиле „дека власта на мнозинството не смее да се замени со диктатура‟.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази