Командантот на меѓународните сили во Авганистан, американскиот генерал Џозеф Данфорд ја предупреди меѓународната заедница „да не му сврти грб на Авганистан“, инсистирајќи дека борбата за правата на Авганистанците се уште не е завршена.
Во разговор за Би-Би-СИ, генерал Данфорд оцени дека „демократскиот прогрес во земјата може да биде доведен во прашање, по завршувањето на борбените операции на меѓународните сили, предвидени да завршат до крајот на идната година“.
Според американскиот генерал, разговорите со талибанците ќе бидат потребни, порано или подоцна, но тој смета дека без континуираната поддршка од странските политичари, основните грашански права на Авганистанците нема да бидат загарантирани.
Данфорд е последниот командант на меѓународните сили во оваа земја, кој се очекува да остане на таа функција се до крајот на 2014 година, кога борбените сили на НАТО се предвидува да бидат повлечени.
Досега е направен значаен прогрес, но се уште не сме на нивото кога напредокот ке биде целосно одржлив, вели американскиот генерал Данфорд.
Тој вели дека авганистанските сили веќе се доволно добри да се вклучат во битките, па сепак, предупредува дека разговорите со талибанците се критични за иднината на земјата, особено што тие не се единствените непријатели. Заедно со бунтовничките сили во борбите учествуваат и кримнални банди кои од свои интереси војуваат против регуларните авганистански сили.
Идната недела, последната авганистанска област ќе им биде предадена на домашните безбедноси сили, иако дел од меѓународните единици ќе останат во функција на поддршка.