Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано доцна синоќа ги заврши консултациите со лидерите на парламентарните партии околу формирањето нова влада, по што се очекува денеска да го објави името на мандатарот за состав на владиниот кабинет.
Како најсериозен кандидат за иден претседател на италијанската Влада, медиумите го споменуваат поранешниот социјалистички премиер на Италија, Џулијано Амато.
Социјалдемократски орентираната Демократска партија (ПД), чија коалиција на изборите во февруари освои мнозинство во Претставничкиот дом на италијанскиот Парламент, но не и во Сенатот, соопшти дека е подготвена на соработка за формирање нова влада.
По реизборот за италијански претседател во саботата, Наполитано во понеделникот повика на формирање широка владина коалиција, која ќе ги спроведе неопходните економски и институционални реформи. Според Наполитано, широката коалиција би требало да ја сочинуваат левоцентристичката коалицијата на ПД и конзервативниот блок на партијата Народ на слободата (ПДЛ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони.