Џон Кери во посета на Јордан во нов круг блискоисточна дипломатија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери почна нов круг блискоисточна дипломатија, во обид да не дозволи кризата во Египет и во Сирија да попречи на напорите за обновување на замрзнатите израелско-палестински мировни преговори.

Кери пристигна денеска во Јордан во шеста официјална посета на регионот, откако стана државен секретар. Овој пат, тој меѓутоа, не планира да патува до Израел или палестинските автономни територии.

Кери ќе разговара со шефовите на дипломатиите на земјите од Арапската лига за напорите да ги врати Израелците и Палестинците на преговарачка маса и ќе ја разгледа ситуацијата во Египет и во Сирија.

Во Аман тој ќе се сретне со кралот на Јордан Абдула Втори и министерот за надворешни работи Насер Џуде, а ќе има и работна вечера со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Се предвидува Кери да се врати во САД во четврток.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД