Џон Кери го поздрави новиот став Арапската лига за израелско- палестинскиот мировен договор

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери го означи како голем чекор напред признавањето на Арапката лига дека е потребно Израелците и Палестинците да разменат територии во идниот мировен договор.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Хамад бин Џасем ал Тани вчера говорејќи во име на Арапската лига изјави дека двете страни во израелско-палестинскиот конфликт може да разменуваат територии, без строго да се придржуваат кон границите од 1967 година.

Речиси десет години се смета де мировната спогодба може да предвидува и размена на територии, но Арапската лига досега творено не ја призна оваа можност.

– Ова е голем чекор напред. Ќе продолжиме да чекориме напред и ќе се обидеме да ги собереме страните околу преговарачката маса и покрај тешкотиите и разочарувањата од минатото, истакна Кери во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19