Џон Кери го повика Египет да продолжи со реформите за да ги добие очекуваните кредити

Од:

Државниот секретар на САД Џон Кери го повика вчера Египет да побрза со спроведувањето на економските реформи за да добие кредит од 4,8 милијарди долари од ММФ, како и дополнителна американска помош.

Претставник на САД рече дека Кери разговарал еден час со египетскиот претседател Мохамед Морси на маргините на форумот на Африканската унија во Адис Абеба.

Тие разговарале за сириската криза, израелско-палестинскиот конфликт и проблемите на египетската економија.

Изворот кој побарал да остане анонимен, соопшти дека Кери му објаснил на Морси дека реформите во Египет се потребни за да може да биде убеден Конгресот во Вашингтон да биде доделена дополнителна помош за Египет.

За време на првaтa посета на Каиро на 3-ти март годинава, Кери му ја вети на Морси првата транша од 190 милиони долари од предвидениот 450 – милионски кредит за помош на египетскиот буџет.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху