Џохар Царнаев се најде на насловната страница на „Ролинг стоунс“

Од:

Списанието „Ролинг стоунс“ предизвика бран негодувања, откако на својата насловна страница објави фотографија на бостонскиот бомбаш Џохар Царнаев претставен како рок ѕвезда.

rollingstone-DzoharДеветнаесетгодишниот Царнаев на фотографијата потсетува на рок легендите Боб Дилан и Џим Морисон.

Под фотографијата пишува „Бомбашот – како популарниот студент кој ветуваше го изневерија родителите, па затоа западна во радикален ислам и стана чудовиште“.

Фотографијата е преземена од профилот на Царнаев на Твитер. Насловната страница на „Ролинг стоунс“ предизвика бура протести од страна на жртвите на нападот.

Редакцијата на списанието застана во одбрана на својата одлука, образложувајќи дека „написот се вклопува во традицијата на новинарскиот и долгогодишниот ангажман на списанието да ги одразува најважните политички и културни теми на денот“. Во бомбашкиот напад на 15 април во Бостон загинаа три лица, а беа повредени 176.

Соучесник на осомничениот Џохар во нападите му беше неговиот брат Тамерлан Царнаев (26), кој по неколку часа беше убиен во престрелка со полицијата.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он