Џохар Царнаев ќе биде суден од Федералниот суд

Од:

Џохар Царнаев, еден од двајцата осомничени за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, ќе биде суден од Федералниот суд, но нема да биде третиран како непријателски борец, соопшти денеска Белата куќа.

– Кон него нема да се однесуваат како кон противник кој дејствувал како непријател. Ние ќе го судиме како терорист во рамките на нашиот граѓански судски систем во согласност со законодавството на САД, истакна портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Царнаев по потекло е Чеченец, натурализиран американски граѓанин. Според Карни во согласност со американските закони државјаните на САД не можат да бидат судени од воени комисии.

pogreb-boston

Поголем број конгресмини побара од администрацијата на Барак Обама на Царнаев да му се суди како на непријателски борец, со цел посилно да му бидат ограничени правата и да се зголеми времето за распит.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа