Џохар Царнаев го обвини брат му Тамерлан дека го организирал нападот на Бостонскиот маратон

Од:

Џохар Царанев, осомничениот за нападот на Бостонскиот маратон, го обвини својот убиен брат Тамерлан дека го организирал нападот и отфрли секаква поврзаност со некоја меѓународна терористичка организација.

Неименуван извор од истрагата за американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен изјави дека прелиминарните разговори со осомничениот укажуваат дека браќата се радикални џихадисти.

Џохар Царнаев, ранет и задржан на лекување во бостонска болница, изјавил дека неговиот брат Тамерлан, кој беше убиен во петокот, сакал да го одбрани исламот од напад, рече неименуваниот избор.

Преживеаниот Царнаев во истрагата кажал и дека ниту една меѓународна терористичка група не учествувала во нападот, пренесуваат американските медиуми.

Официјалните претставници пренесуваат дека прелиминарите докази укажуваат дека браќата Царнаев биле мотивирани од религиски екстремизам, но дека не биле поврзани ниту со една исламистичка терористичка органзиација.

Џохар (19) се соочува со смртна казна доколку пред федералниот судија биде прогласен за виновен по обвинението за користење на оружје за масовно уништување.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он