Израел ќе зажали за својата агресија врз Сирија, како што зажали за 33-дневната, 22-дневната и осумдневната војна, изјави денеска претседателот на иранскиот Совет за национална безбедност Саид Џалили во саботата.
Тој истакна дека Сирија е „авангарда исправена пред ционистичката заедница“.
Џалили посочи дека Иран, кој претседава со Движењето на неврзаните, ќе ги искористи сите свои контакти за поддршка на Сирија против ционистичкиот непријател.
– Исламскиот свет сплотено го брани отпорот против Израел, наведе Џалили.