Џалили: Иран ја поддржува Турција за решавање на курдското прашање

Од:

Иран ги поддржува напорите на Турција за решавање на курдското прашање, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Иран, Саид Џалили.

Тој на вчерашната прес-конференција во Иранскиот конзулат во Истанбул нагласи дека Иран ги поддржува сите акции што ги презема Турција „за да го зачува единството“, имајќи го предвид повлекувањето на борците од Курдската работничка партија (ППК) од турска територија во рамките на мировниот процес.

– Сметаме дека безбедноста на Турција треба да биде како безбедноста на Иран, истакна Џалили, кој е главен ирански преговарач за нуклеарната програма на Техеран.

Во меѓувреме регионалната Влада на Ирачки Курдистан соопшти дека е против официјалниот став на централната ирачка Влада за повлекувањето на борците на ПКК на територијата на Ирак.

– Регионот никогаш не бил под контрола на која било земја, посочи портпароот на Влада на Ирачки Курдистан, Џабар Јавер.

Ирачката Влада вчера соопшти дека е вознемирена од префрлањето на бунтовниците од ПКК во Ирак, бидејќи со тоа се нарушува суверенитетот и безбедноста на земјата.

Официјален Багдад најави дека се подготвува да поднесе жалба поради тоа во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел