Дизелдорфската болница тврди дека Лубиц не се лекувал од депресија

Од:

Копилотот Андреас Лубиц, кој најверојатно го предизвика падот на авионот на „Џерман вингс“, не е лекуван од депресија, соопшти Универзитетската болница на Дизелдорфскиот Универзитет.

– Тврдењата дека Андреас Л. бил лекуван од депресија во болницата не се точни, изјави портпаролката на болницата.

Таа не наведе во кое болничко одделение се лекувал копилотот, само истакна дека лекувањето вклучувало одредување на дијагнозата.

Лекувањето на Лубиц почнало во февруари, а неговата последна посета на лекар била на 10 март. Но, според германските закони за лекарска тајна не можат да се обелоденат детали за неговото лекување.

Од болницата наведуваат дека податоците за Лубиц се предадени на Обвинителството во Диселдиорф, каде што живеел. Обвинителството соопшти дека копилотот намерно го урнал авионот.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите