Еден супермаркет од Монтвелиар во источна Франција поднесе тужба откако 189 возачи на автомобили наточиле дизел по мистериозна цена од 0,25 евра за литар.
Причините за продажбата на дизелот по толку ниска цена на двете пупи на супермаркетот се уште не се познати. Цената од 0,25 евра за литар претставува пониска цена за 82 отсто од реалната цена од 1,396 евра за литар.
Веста за ниската цена на дизелот на оваа бензиска станица во ноќта меѓу понеделникот и вторникот набрзина привлече голем број возачи, подучени од пријателите или социјалните мрежи. Набрзина пред „чудотворните“ пумпи на бензиската станица се создала огромна колона од автомобили, што ги принуди обезбедувачката служба на супермаркетот да интервенира и да ја предупреди полицијата, а потоа да интервенира за враќање на реалната цена на дизелот.
За околу две и пол часовниот „дефект“ на пумпите биле наточени меѓу 10.000 и 11.000 литри дизел гориво, односно чиста загуба за супермаркетот од 12.000 евра.
Супермаркертот поднесе тужба со цел да се утврди на кој начин дојде до неочекуваниот дефект на пумпата, односно да се дознае дали тоа било намерно предизвикано. Засега на среќните потрошувачи, кои купиле дизел по 0,25 евра, нема што да им се забележи или да се побара од нив да доплатат за купеното гориво, освен во случај ако се докаже дека тие знаеле дека апаратот за точење бил намерно расипан за да точи гориво по пониска цена.