Директорот на норвешката полиција поднесе оставка

Од:

Директорот на норвешката полиција,  Ојстен Меланд поднесе оставка на функцијата.

По извештајот на независната комисија која заклучи дека полицијата можела да го спречи масакрот што на 22 јули 2011 го изврши Андерс Брејвик, усмртувајќи 77 лица, Меланд одлучи да се повлече од должноста.

Меланд, кој дојде на чело на полицискиот директорат неколку седмици пред нападот на Брејвик, е критикуван поради пропустите во делувањето на полицијата за време  на масакрот во кој прво Брејвик изврши бомбашки напад во Осло, а потоа пукаше во тинејџери во летни кампови на островот Утоја.

Независната комисија заклучи  дека разузнавачките служби можеле да дознаат нешто за плановите на Брејвик неколку месеци пред нападот кога купил компоненти за правење бомби и дека полицијата имала доволно информации да го запре во момент кога се движел од сцената на бомбашкиот напад кон кампот на младите.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани