Директорот на ЦИА, Мајк Помпео го обвини Викиликс дека е непријателски насочен кон САД , како и дека со своите постапки се однесува како непријателска разузнавачка агенција.
Помпео кој на оваа функција е од неодамна, со одлука на претседателот Доналд Трамп, на едно предавање за американска тинк-танк организавија изјави дека Викиликс многу често е блиска до Москва и често пати е поттикнувана (за да дејствува) од земји каква што е Русија.
– Руското воено разузнавање го користеше Викиликс за дистрибуирањето на хакираните материјали во текот на американските избори минатата година, истакна директорот на ЦИА.
На почетокот од овој месец Викиликс одново објави хакирани, доверливи материјали на ЦИА на својата интернет страница.
Разузнавачката агенција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) покренаа изтрага за овој најнов инцидент.
Според директорот Помпео во својот најголем дел Викиликс, е насочена кон и против САД, а во тоа бара и наоѓа подршка од антидемократските земји и организации.
Американските разузнавачки агенции ја обвинија Русија дека нејзини хакери упаднале во системот на Демократската партија на САД и украле голем број мејлови и електронски писма и разговори, за да се влијае врз текот на изборите за нов претседател на САД.
Викиликс објави такви материјали непосредно пред гласањето, а основачот на оваа Интернет страница Џулијан Асанж, не криеше дека сака казнување на администрацијата на Барак Обама.
Официјална Москва која ги отфрла сите обвинувања за хакирање, исто така отворено навиваше за победа на републиканскиот кандидат, сега избран претседател Трамп.
Асанж и натаму се крие во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде побегна во јуни 2012 година, за да не биде екстрадиран во Шведска каде е осомничен за сексуално насилство.
Владата на се уште актуелниот еквадорски претседател Рафаел Кореа, левичар, антиамерикански определен, му даде политички азил на Асанж.