Финансиската директорка и потпретседателка на Хуавеј Менг Ванжоу се појави на рочиште во Ванкувер вчера, што се очекува да трае најмалку четири денови.
Судскиот процес, предупредуваат адвокатите, може да трае неколку години, поради можноста за жалби, како што постои во канадскиот правен систем.
Додека Пекинг бара од Канада да ја ослободи Менг Ванжоу, за да не биде екстрадирана во САД, каде е обвинета за измама, но и за кршење на санкциите на САД врз Иран, Менг тврди дека е невина и судот Ванкувер треба да одлучи дали кривичното дело би кои се смета во САД е кривично и во Канада.